#ПетАлбумиЗаПоДома на Рамона Кочишка

Во рубриката #ПетАлбумиЗаПоДома денеска ја имаме Рамона Моња Кочишка, студентка по продукција на ФДУ.

Не по нејзина волја, но родена во светот на музиката, се разбира тоа веќе е и некоја предност. Уште од мала музиката и концертите се дел од нејзиното секојдневие и нормала. Моментално ја гради и својата кариера во музичката индустрија со што работи како ПР и маркетинг асистент во „Пасворд Продукција“.

„Музиката ја гледам како свој трет родител со кого сум растела и учела. Тишината е убава, но не и честа кај мене дома, дали на грамофон, телевизор или компјутер, постојано се врти некоја плејлиста/албум. Изборот на музика го правам во однос на денот како што го осеќам. Најтешката одлука што требаше да ја направам деновиве е да изберам 5 албуми што ги слушам по дома. Мојата најпреслушана и најдрага селекција што ми се наоѓа во секое време. Разновидни како што доаѓаат, а сепак обединети со заедничкото чувство на носталгија, секој албум раскажува приказни од различни поглавја од мојот живот. Мислам дека немам многу што да објаснувам посебно за секој албум, самите тие си говорат многу за себе. Па ви посакувам пријатно слушање! :)‘‘, вели Кочишка.

Ова се нејзините #ПетАлбумиЗаПоДома:

***

1.Massive Attack – Blue Lines (1991) 

2.Beirut – No No No (2015)

3.Little Simz – Sometimes I Might Be Introvert (2021)

4.Darko Rundek – Ruke (2002)

5.IDEM – Poyy (2023)

***

Радио МОФ ја започна рубриката #ПетАлбумиЗаПоДома со цел да се грижиме за општото културно и ментално здравје. Објавуваме по пет музички албуми, избор на разни личности, од различни профили и генерации, за да слушнеме нешто што не сме чуле, или да се навратиме на заборавени музички парчиња. Без жанровски ограничувања во изборот, старо или ново, туку споделуваме музика за секој ден, во секое време. Луѓето ни кажуваат кои пет албуми ги сакаат, и зошто ги сакаат.

Досега се објавени #ПетАлбумиЗаПоДома на:

Ѕвездан Георгиевски – Петар Антевски – Сара Цветкоска – Мартина Баракоска – Сара Миленковска – Златко Ѓелески – Горан Костовски – Индог – Драган Иванов – Druggy – Катериња – Милчо Манчевски – Калиа Димитрова – Ивана Маркоска – Tōkyō de Ville – Митко Гогов – Ерина Богоева – Јасмина Јонуз – Давид Николовски – Ива Јованова – Игор Јадровски – Горјан Јовановски – Христина Ѓорѓиевска – Никола Цанев – Цене – Ана Здравкова – Тони Димитров – Тина Иванова – Медина Хоџа – Маријан Зафировски – Ариф Адеми – Стефанија Тенекеџиева – Елена Пешевска – Ивановска – Дафина Шекутковска – Михаил Караколев – Михајло Мишко Грбевски – Биљана Стојановска – Ирина Јаневска – Марко Џамбазоски – Даниел Димитров – Теа Шалдева – Едис Кесаси – Стефан Видиков – Илија Ангелоски – Гиле – Михаил Петровски – Фросина Пармаковска – Димитар Димоски – Никола Јовановски – Маја Атанасова – Благица Петрова – Кристијан Караџовски – Ивана Настеска – Кристијан Петковски – Ана Голејшка Џикова – Борјан Гаговски – Иван Шопов – Калина Качоровска – Атанасија Гулевска-АТА – Мартин Анастасовски – Александар Бошков – Данче Ефтимова – Марина Савеска – Тамара Стојаноска – Филип Букршлиев – Катерина Иванова – Анте Гулин – Анастасија Саздовска – Димитар Тодороски – Бојана Низамовска – Дејан Василевски – Гето Руди – Горан Конев – Клаус – Леонида Гулевска – Бисера Атанасова – Иван Димишков-Димиш – Михаил Каровски-Натрикс – Анастасија Павловска – Бјанка Станковиќ – Ена Утевска – Александар Анѓелковиќ – Атанас Велковски – Јован Близнаковски – Маргарита АрсоваКирил Колевски

***