#ПетАлбумиЗаПоДома на Маја Атанасова

Маја Атанасова, правник и проектен координатор во Македонско здружение на млади правници, одбра #ПетАлбумиЗаПоДома.

За себе вели дека е ултра голем фан на младински активизам.

Ова се #ПетАлбумиЗаПоДома на Атанасова, со нејзин краток осврт кон музичките остварувања:

1.Elemental – Tijelo (2006)

Елементал ми е бенд за кога ми треба да чувствувам емоции. Некако целиот комплет на музиката, гласот и текстот ми се супер за подигнување на енергијата на ниво за прифаќање на се` што носи денот. Дефинитивно за од сабајле.

2.Zemlja Gruva – Greatest Hits Collection (2018)

Прекрасен бенд, прекрасна енергија. Супер за кога сум затворена дома, а ми треба да се чувствувам живо.

3.Cat Empire – So Many Nights (2007)

Кет емпајр прават музика за среќни луѓе. Или луѓе што сакаат да се чувствуваат среќни :) Неверојатно меки, легнуваат на уво и нема шанси да не ги потпевнувате уште некое време.

4.Thievery Corporation – The Richest Man in Babylon (2012)

Еве нешто и за концентрација за работа :) Даб е феноменална музика за во позадина за читање, за пишување, за редење слагалици… Супер смирувачка и концентрирачка музика. Не ми се верува дека едно време не ја поднесував.

5.SKA-P – Planeta Eskoria (2000)

Што е животот без малку ска панк :) Албумов го слушам од 2005 и уште не ми е тргнат од плејлиста. А сега доаѓа супер за трошење на енергија по дома :)

– – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – –

Радио МОФ ја започна рубриката #ПетАлбумиЗаПоДома со цел да се грижиме за општото културно и ментално здравје. Објавуваме по пет музички албуми, избор на разни личности, од различни профили и генерации, за да слушнеме нешто што не сме чуле, или да се навратиме на заборавени музички парчиња. Првичната идеја беше да дадеме смисла на времето во изолација, но продолжуваме и по карантинот да го култивираме просторот со изданија што се „вртат“ по дома. Без жанровски ограничувања во изборот, старо или ново, туку чисто музика за секој ден, во секое време. Луѓето ни кажуваат кои пет албуми ги сакаат, и зошто ги сакаат.

Досега се објавени #ПетАлбумиЗаПоДома на:
Ѕвездан Георгиевски – Петар Антевски – Сара Цветкоска – Мартина Баракоска – Сара Миленковска – Златко Ѓелески – Горан Костовски – Индог – Драган Иванов – Druggy – Катериња – Милчо Манчевски – Калиа Димитрова – Ивана Маркоска – Tōkyō de Ville – Митко Гогов – Ерина Богоева – Јасмина Јонуз – Давид Николовски – Ива Јованова – Игор Јадровски – Горјан Јовановски – Христина Ѓорѓиевска – Никола Цанев – Цене – Ана Здравкова – Тони Димитров – Тина Иванова – Медина Хоџа – Маријан Зафировски – Ариф Адеми – Стефанија Тенекеџиева – Елена Пешевска – Ивановска – Дафина Шекутковска – Михаил Караколев – Михајло Мишко Грбевски – Биљана Стојановска – Ирина Јаневска – Марко Џамбазоски – Даниел Димитров – Теа Шалдева – Едис Кесаси – Стефан Видиков – Илија Ангелоски – Гиле – Михаил Петровски – Фросина Пармаковска – Димитар ДимоскиНикола Јовановски