За нас

Интернет радио кое продуцира и споделува музички и информативни содржини достапни на www.radiomof.mk.

Поведени од фактот дека е ограничен просторот во кој младите можат да се изразат, креираме медиум кој е отворена станица за промоција на младинската, културната и креативната заедница.

Радио МОФ е алтернативен онлајн медиум кој преку продукција на независни и објективни програмски содржини, водени токму од млади автори, ќе се обиде да понуди квалитет, диверзитет и етичност во младинското информирање, со цел да се развијат дискусии кои ќе бидат од корист за младата генерација.

Нашата целна публика се сите млади луѓе и сите граѓани чиј интерес е да бидат информирани за статусот на младите во општеството и кои сакаат негово подобрување.

Радио МОФ е програмска активност на Младински образовен форум.