#ПетАлбумиЗаПоДома на Михаил Петровски

Електронскиот диџеј и продуцент, Михаил Петровски одбра #ПетАлбумиЗаПоДома.

Петровски доаѓа од Виница, а издава електронска музика под авторското име Mihail P. Досега објави соло плочи и соработки со разни артисти под капата на лабели како шкотскиот Seventh Sign, италијанскиот Where We Met, шпанскиот Nebulae, но и Verdant, Distant Worlds и Magnoic Signals од Британија.

Секоја трет вторник во месецот има своја резиденција на радио станицата Timeline Music. Неодамна, во време на Ковид-19, го издаде својот прв амбиентален албум „Soundtrack to a better place“.

Ова се #ПетАлбумиЗаПоДома на Михаил Петровски, со негов кракот осврт кон музичките остварувања:

1.Global Communication – 76:14 (1994)

Бидејќи го издржа тестот на времето и ако некој ја има прочитано приказната за тоа како е создаден овој албум, ќе знае дека бил револуционерен во 1994, преку методот на продукција и какви техники биле употребувани. Доста уникатна и инспиративна приказна.

2.Stasis – Inspiration (1994)

Уникатен и се’ уште недостижен звук на Stasis од тоа време, ептен футуристичен, со одлични слоевити звуци, несекојдневни ритмови, инспирација од повеќе жанрови – broken beat, idm, techno итн.

3.Autechre – Tri Repetae (1995)

Овој албум е продолжение на нивните претходни два албуми, Incunabula и Amber. Поостри битови и распрскани перкусии, и фактот дека сета музика ја имаат правено во MAX/MSP во тоа време со нивни „петчови“, креирани од „скреч“, се’ се врти околу процесот на работа и инспирацијата која се создава кај слушателот.

4.Insync vs. Mysteron – Android Architect (1997)

Албум од 97-та, прв и единствен албум на Lee Purkis (In-sync) и Chris Hartley и David Manuel (Mysteron). Преовладува „UK techno“ низ целиот албум во неговата најчиста форма. Од сите читани интервјуа на Lee Purkis, знам дека биле ептен големи самокритичари и најверојатно овој албум бил „cream de la cream“ од сета музика што ја имале на DAT во тоа време. Многу ретко споменуван албум, а според мене се држи горе со најдобрите по квалитет.

5.Bigeneric vs Planet Love – Fables of Robotics (2017) 

Понов албум на Marco Repetto, компилиран од стари издадени и неиздадени траки (на албум коверот пишува која трака во која година е продуцирана итн). Сакам да го споменам овој албум во оваа листа бидејќи Marco го заслужува сето внимание што го добива моментално. Пред некоја година реши повторно да се врати на сцена, и музиката што ја продуцира е една од најуникатните музики што ги имам слушнато од автор со толкав опус на изданија. Неговите албуми и EP-a вредат да се слушнат повеќе пати (на „repeat“) за да се апсорбира целата музичка генијалност на Marko Repetto.

– – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – –

Радио МОФ ја започна рубриката #ПетАлбумиЗаПоДома со цел да се грижиме за општото културно и ментално здравје. Објавуваме по пет музички албуми, избор на разни личности, од различни профили и генерации, за да слушнеме нешто што не сме чуле, или да се навратиме на заборавени музички парчиња. Идејата е да дадеме смисла на времето во изолација, да го култивираме просторот со изданија што се „вртат“ по дома. Без жанровски ограничувања во изборот, старо или ново, туку чисто музика за секој ден, во секое време. Луѓето ни кажуваат кои пет албуми ги сакаат, и зошто ги сакаат.

Досега се објавени #ПетАлбумиЗаПоДома на:
Ѕвездан Георгиевски – Петар Антевски – Сара Цветкоска – Мартина Баракоска – Сара Миленковска – Златко Ѓелески – Горан Костовски – Индог – Драган Иванов – Druggy – Катериња – Милчо Манчевски – Калиа Димитрова – Ивана Маркоска – Tōkyō de Ville – Митко Гогов – Ерина Богоева – Јасмина Јонуз – Давид Николовски – Ива Јованова – Игор Јадровски – Горјан Јовановски – Христина Ѓорѓиевска – Никола Цанев – Цене – Ана Здравкова – Тони Димитров – Тина Иванова – Медина Хоџа – Маријан Зафировски – Ариф Адеми – Стефанија Тенекеџиева – Елена Пешевска – Ивановска – Дафина Шекутковска – Михаил Караколев – Михајло Мишко Грбевски – Биљана Стојановска – Ирина Јаневска – Марко Џамбазоски – Даниел Димитров – Теа Шалдева – Едис Кесаси – Стефан ВидиковИлија Ангелоски – Гиле