#ПетАлбумиЗаПоДома на Маријан Зафировски

Продуцентот и планинар Маријан Зафировски одбра свои #ПетАлбумиЗаПоДома.

Зафировски е еклектичен музичар што работи под името Dubtonic, истражувајќи разни форми на електроника, чилаут, даб и амбиент. Неодамна тој го објави албумот „Metaphysica“ под закрила на лабелот Visionary Shamanics, преку кој нуди свежо парче психоделична дабтонична музика.

Зафировски е и визуелен уметник со псевдоним Martin Hawk, но и вљубеник во природата и планините, каде се „полни“ со енергија.

Ова се неговите #ПетАлбумиЗаПоДома, со краток осврт на Зафировски кон музичките остварувања:

1.Younger Brother – Last days of gravity (2007)

Според мене, ова е ремек дело на Бенџи и Симон Посфорд (Hallucinogen). Препорачливо е да се слуша за било кој ден од денот. Безвременско ремек дело! Внатре има елементи што поврзуваат и електроника, акустика, живи инструменти. Концептот е одличен, придвижува и опушта истовремено. Типичен британски звук, баш како што ми се допаѓа – со меланхолични тонови, но истовремено добра енергија и „извртени“ звуци.

2.Ott – Skylon (2008)

Ott за мене е еден од ветераните во даб/чилаут, како и еден од пионерите на лондонската психоделична даб сцена. „Skylon“ е препорачливо да се слуша на отворено, ама може и за по дома. Денска музика, најдобар ефект има за зајдисонце. Класичен длабок даб бас со убави мелодии и тонови.

3.Dubsahara Geonosis (2017)

Ова е албум на Грег Хантер, еден од музичарите што најмногу ги почитувам. Одличен ветеран во електроника, соработник со големи имиња, вистински инжeнер на звук. Ако некој сака да истражи малку мистични и длабоки звуци на персиска и арапска култура, спој со органскиот и дигитален свет и чилаут електроника – ова е вистинскиот избор! Препорачлив е за вечерно време. Се работи за помирна музика, која бара поспецифична атмосфера. Хипнотична музика за слушање.

4.The Irresistible Force – Kira Kira (2017)

Албум на Миксмастер Морис, уште еден ветеран во чиалут и лаунџ музиката. Албум каде преовладува еклектична електроника, вкучувајќи различна етно-фузија на џез елементи, амбиент електроника, заедно склопени во добар чилаут пакет.

5.Desert Dwellers – DownTemple Dub: Roots (2009)

Според мене, ова е најдоброто нешто направено од американсково дуо, по него влегуваат во тек/хаус води. Во албумов повеќе ставаат акцент на индиската култура. Еден вид хинду-даб-чил-електроника. Препорачлив за било кој дел од денот.

– – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – –

Радио МОФ ја започна рубриката #ПетАлбумиЗаПоДома со цел да се грижиме за општото културно и ментално здравје. Објавуваме по пет музички албуми, избор на разни личности, од различни профили и генерации, за да слушнеме нешто што не сме чуле, или да се навратиме на заборавени музички парчиња. Идејата е да дадеме смисла на времето во изолација, да го култивираме просторот со изданија што се „вртат“ по дома. Без жанровски ограничувања во изборот, старо или ново, туку чисто музика за секој ден, во секое време. Луѓето ни кажуваат кои пет албуми ги сакаат, и зошто ги сакаат.

Досега се објавени #ПетАлбумиЗаПоДома на:
Ѕвездан Георгиевски – Петар Антевски – Сара Цветкоска – Мартина Баракоска – Сара Миленковска – Златко Ѓелески – Горан Костовски – Индог – Драган Иванов – Druggy – Катериња – Милчо Манчевски – Калиа Димитрова – Ивана Маркоска – Tōkyō de Ville – Митко Гогов – Ерина Богоева – Јасмина Јонуз – Давид Николовски – Ива Јованова – Игор Јадровски – Горјан Јовановски – Христина Ѓорѓиевска – Никола Цанев – Цене – Ана Здравкова – Тони Димитров – Тина ИвановаМедина Хоџа