#ПетАлбумиЗаПоДома на Атанас Велковски

Во рубриката #ПетАлбумиЗаПоДома денеска го имаме Атанас Велковски.

Тој за себе пишува дека е филмски работник, Амбасадор на добар вајб на Обединети нации, вејпер/џулер, водолија.

Ова се ПетАлбумиЗаПоДомаЗаНаГостиЗаДаРасипешРоденденНоваГодинаЖурка на Велковски, со негов осврт кон одбраните музички парчиња:

***

1.Scott Walker – The Drift (2006)

Тотален кошмар со заразни мелодии, изолиран и непробоен.

Иако темите на прва се современи и „земски“ (11-ти септември, Елвис Пресли и неговиот мртвороден брат-близнак Џеси Пресли, Милошевиќ, еволуција на коњи, љубовницата на Мусолини…) целиот албум звучи безвременски и натприроден. На некои луѓе вокалот им е премногу мелодраматичен, мене и магарето што рика на Jolson and Jones ми е на место.

 

2.Death Grips – The Money Store (2012)

Омилен бенд од прво слушање, се’ уште ми е, ќе видиме колку ќе трае тоа. Како и да е, темите, вајбот:

Убиствена досада од се наоколу, хедонизам и самоомраза, параноја од премногу седење на сомнителни форуми на интернет, десензибилизиран од LiveLeak секој ден, анти-социјална ароганција, волк-самотник што сака добра забава, демек-мизантропија, малку дрога, малку самоуништување, Чарли Менсон, доаѓам кај тебе дома ќе правам што сакам, модерен мистицизам, ситен криминал, сите тие добри трипови. Помага кога имаш некој со музичко педигре на Zach Hill. have a sad cum bb

 

3.Bill Skins Fifth – Крвта на ѕидот е наша (снимен некаде 2008-ма, пуштен на Јутјуб 2023-та)

Луѓе уште не се свесни колку е добро ова, или не сакаат да признаат. Музички бубалици ќе кажат Dillinger Escape Plan, Coalesce, Botch, metalcore, помина тој фазон, доцна е извадено… бла бла бла, површни коментари се тоа, не слушаш убаво, чекаш рецензија, ти фали промоција, дефокусиран си, на крајот на денот па кој те праша.

 

4.Од Вратот Надолу – Жива (2006)

Еден од најмоќните албуми од кој било Македонски бенд, кој било стил/жанр. Една работа која беше потценета кога излезе албумов беше смислата за хумор во бендот. Таму е во песните, само треба да престанеш да проектираш сопствена мизерија за да слушнеш, ха-ха. Тешка музика, супер за пред искачање во град. Луѓе што слушаат ваква музика веќе знаат за албумов, искрена препорака до сите други да го слушнат. Камиказе смртна поезија.

 

5.Julee Cruise – Floating Into The Night (1989)

До пред некое време не знаев дека соработката помеѓу Lynch-Badalamenti-Cruise е затоа што прескапи биле авторските права за This Mortal Coil – Song to the Siren за во Blue Velvet. Свашта. Вештината на Lynch да издигне нешто што е на раб на кич до недофатливо и неописливо ниво е тука во целиот албум, уште еден доказ дека не блефира, за сите што се сомневаат. Немам многу што да пишам за албумов, Lynch-Badalamenti комбо е, треба да биде јасно.

 

Еве уште некои препораки за домашни албуми што немав место да ги ставам: Арлекин – Извор на Главоболките, Nervous SS / Rat Cage – Skopje Vs Sheffield, Gargara – 8 TRACK NOT ON TOUR CASSETTE, Medicine Noose / Spewn – Split EP 2018

***

Радио МОФ ја започна рубриката #ПетАлбумиЗаПоДома со цел да се грижиме за општото културно и ментално здравје. Објавуваме по пет музички албуми, избор на разни личности, од различни профили и генерации, за да слушнеме нешто што не сме чуле, или да се навратиме на заборавени музички парчиња. Без жанровски ограничувања во изборот, старо или ново, туку споделуваме музика за секој ден, во секое време. Луѓето ни кажуваат кои пет албуми ги сакаат, и зошто ги сакаат.

Досега се објавени #ПетАлбумиЗаПоДома на:

Ѕвездан Георгиевски – Петар Антевски – Сара Цветкоска – Мартина Баракоска – Сара Миленковска – Златко Ѓелески – Горан Костовски – Индог – Драган Иванов – Druggy – Катериња – Милчо Манчевски – Калиа Димитрова – Ивана Маркоска – Tōkyō de Ville – Митко Гогов – Ерина Богоева – Јасмина Јонуз – Давид Николовски – Ива Јованова – Игор Јадровски – Горјан Јовановски – Христина Ѓорѓиевска – Никола Цанев – Цене – Ана Здравкова – Тони Димитров – Тина Иванова – Медина Хоџа – Маријан Зафировски – Ариф Адеми – Стефанија Тенекеџиева – Елена Пешевска – Ивановска – Дафина Шекутковска – Михаил Караколев – Михајло Мишко Грбевски – Биљана Стојановска – Ирина Јаневска – Марко Џамбазоски – Даниел Димитров – Теа Шалдева – Едис Кесаси – Стефан Видиков – Илија Ангелоски – Гиле – Михаил Петровски – Фросина Пармаковска – Димитар Димоски – Никола Јовановски – Маја Атанасова – Благица Петрова – Кристијан Караџовски – Ивана Настеска – Кристијан Петковски – Ана Голејшка Џикова – Борјан Гаговски – Иван Шопов – Калина Качоровска – Атанасија Гулевска-АТА – Мартин Анастасовски – Александар Бошков – Данче Ефтимова – Марина Савеска – Тамара Стојаноска – Филип Букршлиев – Катерина Иванова – Анте Гулин – Анастасија Саздовска – Димитар Тодороски – Бојана Низамовска – Дејан Василевски – Гето Руди – Горан Конев – Клаус – Леонида Гулевска – Бисера Атанасова – Иван Димишков-Димиш – Михаил Каровски-Натрикс – Анастасија Павловска – Бјанка Станковиќ – Ена УтевскаАлександар Анѓелковиќ

***