#ПетАлбумиЗаПоДома на Данче Ефтимова

Во рубриката #ПетАлбумиЗаПоДома денеска ја имаме Данче Ефтимова, уметница што во последните осум години се занимава исклучиво со сликање мурали.

Ова се нејзините #ПетАлбумиЗаПоДома, со нејзин осврт кон музичките парчиња:

* * *

Идејата за да споделам пет албуми за по дома од мојата разнолика плејлиста, на која секогаш на врвот иронично стои Teenage Dirtbag, како розево капаче на шише полно со црна материја, звучеше лесно. Но кога прочепкав што всушност највеќе слушам, сфатив дека ќе морам да поработам сериозно.

Пораснав во семејство со татко кој ги живееше музиката и рокенролот, но музиката повеќе беше саундтрак на нашето секојдневие, одошто тема на разговор. Па нема многу да се посветам на теоретскиот дел околу албумиве, туку на мојата емоција кон истиве. Ги подредив од детство до денес, зошто лепезата е голема, но ова е тоа што сакам да го одвојам сега.

1.John Frusciante – The Emperyan (2009)

Ме врзува со моето детство, највеќе поради тоа што беше музика што ја слушав од мој најблизок човек во моето детство, кој впрочем после татко ми, ми врежа големи темели кон начинот на слушање музика. Frusciante, темелот на RHCP,  музичар без грам его, а албумот, за мене врвно дело кој е вонвременски извор на инспирација за многу други музичари. Еден од моите први репетативно слушани албуми, кој никогаш не ми здосади.

2.Elliott Smith – Either/Or (1997)

Човек кој е од рангот на John F. Истата емоција но уште потивка. За мене е врнежлив септемвриски ден, меланхолија која вешто ја гушкаш и не ти е проблем зошто можеби нема никогаш да заврши.

3.Morphine – Cure for pain (1993)

Ми беше исто деликатно да одвојам албум, но ако сакам да се расположам под рака со меланхолијата и носталгичноста, во 5 наутро додека сите спијат, ова е тоа. За музика што скоро сите ја познаваат и милуваат, мислам дека нема потреба многу да зборувам.

4.Bambara – Stray (2020)

Бамбара се понов бенд, а наликуваат на микс од Ник Кејв, Морфин и Мадругада. Но така добро, музички и лирично скоцкано да доволно би им простил секој љубопитен слушател и би ги ставил на истата полица. Но за разлика од тематиката, Stray е албум за богатата раскошност на страста и тагата во едно.

5.Shortparis – Так закалялась сталь (2019)

Њу вејв, пост панк, се разбира Руски, на врвот од се’ што слушам на кириличен јазик. Воопшто целиот нивни перформанс, помпезност, егоцентричност, пролеани низ поетичните текстови, наликуваат на крвава жртва пред беспомошноста на обичниот човек. Препорачувам добро слушање <3

* * *

Радио МОФ ја започна рубриката #ПетАлбумиЗаПоДома со цел да се грижиме за општото културно и ментално здравје. Објавуваме по пет музички албуми, избор на разни личности, од различни профили и генерации, за да слушнеме нешто што не сме чуле, или да се навратиме на заборавени музички парчиња. Без жанровски ограничувања во изборот, старо или ново, туку споделуваме музика за секој ден, во секое време. Луѓето ни кажуваат кои пет албуми ги сакаат, и зошто ги сакаат.

Досега се објавени #ПетАлбумиЗаПоДома на:

Ѕвездан Георгиевски – Петар Антевски – Сара Цветкоска – Мартина Баракоска – Сара Миленковска – Златко Ѓелески – Горан Костовски – Индог – Драган Иванов – Druggy – Катериња – Милчо Манчевски – Калиа Димитрова – Ивана Маркоска – Tōkyō de Ville – Митко Гогов – Ерина Богоева – Јасмина Јонуз – Давид Николовски – Ива Јованова – Игор Јадровски – Горјан Јовановски – Христина Ѓорѓиевска – Никола Цанев – Цене – Ана Здравкова – Тони Димитров – Тина Иванова – Медина Хоџа – Маријан Зафировски – Ариф Адеми – Стефанија Тенекеџиева – Елена Пешевска – Ивановска – Дафина Шекутковска – Михаил Караколев – Михајло Мишко Грбевски – Биљана Стојановска – Ирина Јаневска – Марко Џамбазоски – Даниел Димитров – Теа Шалдева – Едис Кесаси – Стефан Видиков – Илија Ангелоски – Гиле – Михаил Петровски – Фросина Пармаковска – Димитар Димоски – Никола Јовановски – Маја Атанасова – Благица Петрова – Кристијан Караџовски – Ивана Настеска – Кристијан Петковски – Ана Голејшка Џикова – Борјан Гаговски – Иван Шопов – Калина Качоровска – Атанасија Гулевска-АТА – Мартин АнастасовскиАлександар Бошков

* * *