#ПетАлбумиЗаПоДома на Маргарита Арсова

Во рубриката #ПетАлбумиЗаПоДома денеска ја имаме Маргарита Арсова, еден од уредниците на програма во Младинскиот културен центар (МКЦ) од 2010 година. Сака да готви, да јаде, да пие пиво и да ужива во животот. Еден од најголемите предизвици и е фестивалот на европски филм CINEDAYS, чиј координатор е повеќе од 10 години.

Во МКЦ работи скоро се’, омилени и се европските проектни здружувања, знае да вари и одлично турско кафе како вистински административец.

Ова е изборот на Арсова, со нејзин краток уводник и осврт кон одбраните музички парчиња:

***

Во рубриката #ПетАлбумиЗаПоДома, решив да ги споделам албумите кои ги пуштам кога врне, кога вее, кога роси и кога сонце носи.

Не се по некој особен редослед, но се дефинитивно албуми кои ми ја гушкаат душата.

1.Destroyer – Have we met (2020)

Не, се’ уште се неаме сретнато Бехар, наскоро, си ветувам. Требаше во Словенија во Кино Шишка, ама го откажа концертот. Ова е албум кој сакам и веќе сум дала аманет на пар луѓе околу мене, кога ќе заминам од овоземскиот свет и ако се случи тоа пред нив, да го пуштат во капела. Сепак „је смрт сигуран посао“. Албум отсликан во ѕвездите. Албум кој тивко ми шепоти, само на мене.

2.War on drugs – A deeper understanding (2017)

Албумов е за по дома, ако дома во нашата фантазија е некое мало гратче сместено во во карпестите планини на Колорадо. Некогаш се замислувам како возам голем suv, тргам накај ранчот со коњите, длабока есен, и албумов тера во позадина. Неоптеретен бенд, ненаметлив, но секогаш прецизен кога останува збор за емотивната повеќеслојност, песни за осаменоста и сопствената патина и тага која често е и убаво ќоше за криење.

3.Viagra Boys – Walfare Jazz (2021)

За полудување. Кога ќе го чујам тоа рапавиот глас на Себ, препушен и препиен, се чувствувам како вчера да сме заглавиле во некоја подземна дупка во Гдањск. Момците кои прават тоа што сакаат, музички и приватно, за кои треба да се смисли нов кул збор за кул. SPORTS

4.Васка Илиева – Васка Илиева (1991)

За поврзувањето со корените, за убавината и длабочината на македонската фолклорна музика, за меракот и болката. За музиката која ме прави горда што сум родена овде, што ја делам таа прекрасна традиција со неа и со останатите легенди на народната музика. Не можам да замислам ден или ситуација да не ја поврзам со народна песна и не запеам. Доаѓа одвнатре, те врзува со прадуховите, ти ја претскажува судбината.

5.XaXaXa – Танго Револуционер (2011)

Ах Васко, Васко.

***

Радио МОФ ја започна рубриката #ПетАлбумиЗаПоДома со цел да се грижиме за општото културно и ментално здравје. Објавуваме по пет музички албуми, избор на разни личности, од различни профили и генерации, за да слушнеме нешто што не сме чуле, или да се навратиме на заборавени музички парчиња. Без жанровски ограничувања во изборот, старо или ново, туку споделуваме музика за секој ден, во секое време. Луѓето ни кажуваат кои пет албуми ги сакаат, и зошто ги сакаат.

Досега се објавени #ПетАлбумиЗаПоДома на:

Ѕвездан Георгиевски – Петар Антевски – Сара Цветкоска – Мартина Баракоска – Сара Миленковска – Златко Ѓелески – Горан Костовски – Индог – Драган Иванов – Druggy – Катериња – Милчо Манчевски – Калиа Димитрова – Ивана Маркоска – Tōkyō de Ville – Митко Гогов – Ерина Богоева – Јасмина Јонуз – Давид Николовски – Ива Јованова – Игор Јадровски – Горјан Јовановски – Христина Ѓорѓиевска – Никола Цанев – Цене – Ана Здравкова – Тони Димитров – Тина Иванова – Медина Хоџа – Маријан Зафировски – Ариф Адеми – Стефанија Тенекеџиева – Елена Пешевска – Ивановска – Дафина Шекутковска – Михаил Караколев – Михајло Мишко Грбевски – Биљана Стојановска – Ирина Јаневска – Марко Џамбазоски – Даниел Димитров – Теа Шалдева – Едис Кесаси – Стефан Видиков – Илија Ангелоски – Гиле – Михаил Петровски – Фросина Пармаковска – Димитар Димоски – Никола Јовановски – Маја Атанасова – Благица Петрова – Кристијан Караџовски – Ивана Настеска – Кристијан Петковски – Ана Голејшка Џикова – Борјан Гаговски – Иван Шопов – Калина Качоровска – Атанасија Гулевска-АТА – Мартин Анастасовски – Александар Бошков – Данче Ефтимова – Марина Савеска – Тамара Стојаноска – Филип Букршлиев – Катерина Иванова – Анте Гулин – Анастасија Саздовска – Димитар Тодороски – Бојана Низамовска – Дејан Василевски – Гето Руди – Горан Конев – Клаус – Леонида Гулевска – Бисера Атанасова – Иван Димишков-Димиш – Михаил Каровски-Натрикс – Анастасија Павловска – Бјанка Станковиќ – Ена Утевска – Александар Анѓелковиќ – Атанас ВелковскиЈован Близнаковски

***