Што пропушти на Радио МОФ?

На крајот на оваа седмица, Радио МОФ ви го претставува нашиот избор на топ вестите за изминатата недела, од областа на образованието, културата, граѓанското општество, политиката, животната средина…

Што ги одбележа изминатите седум дена, прочитајте во продолжение:

1. [Интервју] Кинезот Пол Јунг учи македонски јазик: Фасциниран сум од јазикот, културата и Кирил и Методиј

Кинезот Пол Јунг деновиве е во Македонија. Шета наоколу, среќава луѓе, открива локации. Но, не е од оние Кинези туристи што редовно ги гледате по плоштадот „Македонија“ како ги фотографираат „барокните“ фасади и споменици на „Скопје 2014“. Пол Јунг е тука на различна мисија. Уште пред неколку месеци решил да го изучува македонскиот јазик, за кој вели дека е уникатен и автентичен, а сега е дојден и подлабоко да се запознае со Македонија, со македонската култура и жителите.

2.[Фото] „Жал ми е за децата од новата генерација“, пораки врз паноата за новата градба кај ресторан „Парк“ во Охрид

3.Повеќе од две недели на веб-страницата на Железници стојат линкови за симнување пиратски содржини

4. Шанса за Центар бара хумано наместо „решение“ за профит откако се расчистува „Треска“

5.#РаскажиМи: „Појава“ од Маја Вулф