[Видео] Нова кампања на „Лајка“ за вдомување кучиња

Јавното претпријатие „Лајка“ започнува со кампања за вдомување кучиња кои подолго време престојуваат во нивното прифатилиште.

„Нашата Кампања не познава раса, старост и пол, туку најдобар пријател, придружник и сопатник“, велат оттаму.

Во прифатилиштето има повеќе од 40 кучиња кои може да се видат на фотографиите на овој линк.

„ЈП Лајка заедно со Борче Начев, Нала и M&M Pets hotel ги руши стереотипите затоа што знаеме дека секое едно куче може да биде најдобар миленик на свој начин и заедно го промовираме вдомувањето како хуман, одговорен и сочуствителен избор. Заедно со вашата помош во наредниот период да се посветиме да ја испразниме Лајка. Заедно со вас да им помогнеме на овие кучиња да го најдат човекот што трпеливо го чекаат со месеци, години и да го наречат свој!“, велат од „Лајка“.