Отворен ден во „Лајка“ оваа сабота

Јавното претпријатие „Лајка“ ги поканува сите граѓани и љубители на кучиња на дружба со кучињата згрижени во прифатилиштето на претпријатието.

Отворениот ден ќе се одржи оваа сабота (14 мај) од 11 до 15 часот.

„Сакаш да поминеш едно пролетно претпладне во забава и дружење со кучињата згрижени во прифатилиштето ЈП Лајка? Да ги храниш, играш, чешлаш, бањаш? Сакаш да се дружиш со тимот на ЈП Лајка и да се едуцираш за правилна грижа, хуман третман и благосостојба на бездомните кучиња?“, стои во повикот до заинтересираните.

Сите заинтересирани можат да аплицираат на volontiraj@lajka.com.mk