Во Британија најавени казни до 2.000 фунти за нецелосни информации на околувратникот на милениците

Сопствениците на кучиња во Британија би можеле да се соочат со големи казни од 2.000 фунти затоа што ги немаат исткнато сите потребни информации на околувратникот на нивното кученце, пренесе Кантриливинг.

Според Синиот крст, добротворна организација за заштита на животните, сите кучиња мора да имаат ознака за идентификација со името и адресата на нивниот сопственик на околувратникот во случај да се изгубат. Ова се однесува на сите кучиња кои се чуваат како миленици, но ги исклучува работните кучиња, како што се кучињата водичи и кучињата помошници.

„Дури и ако вашето куче е со микрочип, сепак треба да носи околувратник со ознака. Исклучоците важат за некои работни кучиња. Ви препорачуваме да го додадете вашиот мобилен број за да може да ве контактираат во секое време во случај вашето куче да се изгуби“, изјави портпаролот на Синиот крст за британските медиуми.

Според Синиот крст, кутрињата мора да бидат со микрочип уште пред да одат во нивните нови домови, при што одгледувачот е првиот регистриран чувар.

Одгледувачите, исто така, треба да ја пренесат точната документација за микрочипот на новиот сопственик кога кученцето ќе си оди дома освен во случај кога ветеринарот верува дека има валидна здравствена причина да не се стави микрочип на кучето.

Добротворната организација за заштита на животните, исто така, ги потсетува сопствениците да ги ажурираат податоците за нивните миленици, особено ако се преселат во нов дом.

Мета