Што пропушти на Радио МОФ?

На крајот на оваа недела, Радио МОФ ви го претставува нашиот избор на ТОП 5 вестите за изминатата недела, од областа на образованието, културата, граѓанското општество, политиката, животната средина…

Што ги одбележа изминатите седум дена, прочитајте во продолжение:

1. [Фото] „Не ни треба цвеќе, сакаме права“ – Марш против системското осиромашување на жените

„Не ни треба цвеќе, сакаме права“, „Стоп за економското насилство врз жените“, како и „Социјална правда“, беа пораките кои одекнуваат на денешниот марш за женските права по повод 8 Март, Меѓународниот ден на жената. Маршот се движеше од Влада до паркот Жена борец, на кој присуствуваа бројни активистки.

[Фото] „Не ни треба цвеќе, сакаме права“ – Марш против системското осиромашување на жените

2. Обвинетите за „Јавна соба“ добија по четири години затвор

По четири години казна затвор добија обвинетите Дарко Костовски и Михаил Пановски за случајот „Јавна соба“. Судот им пресуди за кривичното дело – Производство и дистрибуција на детска порнографија. Костовски беше обвинет како основач и администратор на групата која беше креирана на апликацијата Телеграм, а второобвинетиот Пановски како администратор и модератор на групата.

При изрекување на казната на обвинетите, Судијката Билјана Коцевска истакна дека од анализата на податоците, судот утврдил дека во телефонот на Костовски биле пронајдени 524 записи од чет комуникации, како и 102.539 фотографии и видеа со сексуално порнографска содржина.

Обвинетите за „Јавна соба“ добија по четири години затвор

3. [Интервју] „Ние во Авганистан знаеме што значи војна“

Изминативе две недели светот е згрозен и шокиран од воениот конфликт во Украина што го започна Русија. Во меѓувреме, за луѓето во Авганистан, ваквата ситуација трае веќе четири децении. Тамошните конфликти принудија многу луѓе да избегаат и да се расселат низ светот. Меѓу нив е и младиот Омар…

[Интервју] „Ние во Авганистан знаеме што значи војна“

4. [Видео] #ФЕМуабети – Феминистички приказни од македонската историја по повод 8 Март

Најдобар подарок за 8 Март е славење на женската револуционерност.

Од крушевските курирки во рамки на МРО до борките за трансродови права, слушнете ги приказните кои ги одвоивме од книгата „Нашиот пат: 25 женски приказни од историјата“, подготвена од истражувачките Ивана ХаџиевскаИвана Драгшиќ и Јана Коцевска.

Радио МОФ ја емитуваше втора епизода, од серијалот видео-подкасти насловен #ФЕМуабети, во која гостуваат Јана Коцевска и Ивана Драгшиќ:

[Видео] #ФЕМуабети – Феминистички приказни од македонската историја по повод 8 Март

5. Над сто професори, научници, уметници и интелектуалци од земјава повикаа за мир во Украина

Преку Фејсбук се прошири Повик за мир во Украина на кој се потпишуваат членови на академската заедница, научници, уметници и интелектуалци. До него може да се пристапи преку онлајн формулар каде се посочува дека повикот заедно со списокот на потпишаните ќе биде објавен во јавните гласила.

Над сто професори, научници, уметници и интелектуалци од земјава повикаа за мир во Украина