Што пропушти на Радио МОФ?

На крајот на оваа седмица, Радио МОФ ви го претставува нашиот избор на топ вестите за изминатата недела, од областа на образованието, културата, граѓанското општество, политиката, животната средина…

Што ги одбележа изминатите седум дена, прочитајте во продолжение:

1. [Мегафон] Дуковска: Младите не сакаат да зборат за себе како за сиромашни – нема кој да ги слушне

Во новиот подкаст Мегафон разговаравме со Билјана Дуковска од Македонската платформа против сиромаштија, за животниот стандард, егзистенцијаните проблеми на младите, како тие преживуваат и се снаоѓаат во економската и енергетска криза.

[Мегафон] Дуковска: Младите не сакаат да зборат за себе како за сиромашни – нема кој да ги слушне

2. [Став] Средношколците со атипичен развој не смеат да останат без можност за образовен асистент!

„Како грутка во грлово деновиве ми стои фактот што и оваа учебна година нема државна помош во вид на образовен асистент за средношколците со атипичен развој. Почна 1 септември, тргнаа во школо, а најавуваниот Закон за средно образование уште не е донесен. Абер нема од негово носење, не се знае кога?! Со тоа, родители се оставени на цедило, да се снаоѓаат како знаат и умеат, и со пари, и со работа, и со време, и со своето физичко и ментално здравје, бидејќи образовни асистенти се планирани само за децата во основно, ама не и за тие во средно школо“, пишува во својот коментар нашиот Бојан Шашевски.

[Став] Средношколците со атипичен развој не смеат да останат без можност за образовен асистент!

3. С. Македонија повторно на дното на регионот според новиот Индекс за човеков развој

Северна Македонија се најде на 78-то место во светот од вкупно 191 светска држава според новиот Индекс за човеков развој 2021/2022 година, кој го објавува Програмата за развој на Обединетите Нации.

Во земјава очекуваниот животен век е 73,8 години, граѓаните се очекува да поминат 13,6 години во школување, додека бруто-националниот приход на секој жител изнесува 15,918 долари годишно.

Целиот инфографик погледнете го на линкот во продолжение:

С. Македонија повторно на дното на регионот според новиот Индекс за човеков развој

4. „10 лопати за 9 години“ – активистичка акција во Штип

Штипски активисти поставија десет лопати пред клиничкиот центар во Штип, во рамки на активистичка акција насловена „10 лопати за 9 години“, а велат дека акцијата е посветена на „веќе вечната“ изградба на новиот клинички центар во градот.

„10 лопати за 9 години“ – активистичка акција во Штип

5. [Став] Како да се избориме за детски живот?

Психологот Лина Ќостарова Унковска, анализирајќи ги загрижувачките податоци од последната ХБСЦМ студија, пишува за проблемите со менталното здравје со кои се соочуваат младите од Северна Македонија.

[Став] Како да се избориме за детски живот?