Што пропушти на Радио МОФ?

На крајот на оваа седмица, Радио МОФ ви го претставува нашиот избор на ТОП 5 вестите за изминатата недела, од областа на образованието, културата, граѓанското општество, политиката, животната средина…

Што ги одбележа изминатите седум дена, прочитајте во продолжение:

1. [Мегафон] Никола Писарев: Македонија е претворена во чекална

Креативниот офлајн активизам во последните години донесе ајкули во Вардар и возен ред на галиите што го прикажуваа апсурдот на „Скопје 2014“. Споменикот на дијазепамот ја потенцираше општествената депресија, а кабини за чист воздух се поставуваа низ градот во периодот кога Македонија беше меѓу најлошите светски држави според аерозагадувањето. Во регионите кои најмногу се празнат, никнуваа патокази со број на иселени лица, додека некои дрвја буквално добиваа очи за да се скријат од налетите на урбанизација…

Творец на голем дел од овие герила-артивистички акции кои никнуваа низ Македонија изминативе години е Никола Писарев, од Центарот за современа уметност. Тој е еден од првите кој почна да користи креативни комуникации и акции за решавање на различни проблеми на заедниците.

[Мегафон] Никола Писарев: Македонија е претворена во чекална

2. Историски успех – Македонските средношколци се враќаат со златен медал од Балканската математичка олимпијада

Средношколецот Никола Спировски освои златен медал на овогодишната Балканска математичка олимпијада 2022, што е прв ваков успех во македонската историја.

Покрај златниот медал, македонските претставници Дамјан Давков и Јан Стојановски освоија и два сребрени медали, додека бронзен медал освои Алексиј Тасиќ. Пофалници беа доделени на Јасна Илиева и Блаже Суклевски.

Историски успех – Македонските средношколци се враќаат со златен медал од Балканската математичка олимпијада

3. „Укажувачите се суперхерои“ – новинари и експерти дадоа поддршка на културата за гласно говорење

„Укажувачите се суперхерои. Укажувањето е еден од најефективните начини за разоткривање и борба против корупцијата. Укажувањето значи и слобода на говор, слобода на медиумите, укажувачите се и важен извор на информации за новинарите. Заштита на укажувачите значи заштита на вашите интереси“, е пораката на Aлмерина Ахметај Хреља, експерт за антикорупција од Секретаријатот на Регионалната антикорупциска иницијатива (РАИ).

Таа беше еден од учесниците на конференцијата „Младите ги слават укажувачите“ организирана од Младински образовен форум (МОФ) во соработка со РАИ.

„Укажувачите се суперхерои“ – новинари и експерти дадоа поддршка на културата за гласно говорење

4. [Интервју] Билјана Кочоска: Фестивалот „Нихон Џи“ е место за јапонска култура и солидарност

„Јапонската култура доаѓа во Скопје!“. Вака дел од медиумите ја пренесоа веста дека на 28 мај во „Јавна соба“ ќе се одржи фестивал на јапонска култура „Нихон Џи“. Настанот и екипата зад него имаат приземна цел за претставување на јапонската култура, но и принципи поврзани со слободната култура, солидарност, правење заедно работи. Кој што знае, што го интересира, како може да придонесе. Отворен е за поединци, ентузијасти, креативци, гејмери, гикови, weeb-ови (љубители на јапонска култура), но и компании што би скокнале со свој општествен придонес.

[Интервју] Билјана Кочоска: Фестивалот „Нихон Џи“ е место за јапонска култура и солидарност

5. „Чекајќи го Годо“ – герила акција посветена на евроинтеграцискиот процес на РСМ

Во општина Центар беше поставена уметничката акција „Чекајќи го Годо“, посветена на односот на Европската Унија кон Република Северна Македонија. Герила акцијата е дел од проектот „Артиватор“ на Центарот за современи уметности.

„Инспирацијата за оваа акција доаѓа од сличноста на состојбите во драмата Чекајќи го Годо на Семјуел Бекет и Евроинтеграцискиот процес на РСМ. Иако на прв поглед може да звучи несериозно, смешно и апсурдно, сепак постојат огромни сличности помеѓу двете дејствија – она во драмата на Бекет и она во државата Македонија на нејзиниот пат на евроинтеграциите“, велат организаторите.

„Чекајќи го Годо“ – герила акција посветена на евроинтеграцискиот процес на РСМ