Што пропушти на Радио МОФ?

На крајот на оваа седмица, Радио МОФ ви го претставува нашиот избор на ТОП 5 вестите за изминатата недела, од областа на образованието, културата, граѓанското општество, политиката, животната средина…

Што ги одбележа изминатите седум дена, прочитајте во продолжение:

1. [Инфографик] Каде исчезнаа младите на пописот?

Иселувањето на младите беше жешка тема последниве години, но резултатите од минатогодишниот Попис конечно дадоа конкретни бројки со кои можат да се прават анализи за популацијата која последниве 20 години е изгубена.

Младите на возраст од 15 до 29 години се една од најпогодените возрасни категории. Иако големите градови имаат изгубено најголем број од младото население, сепак уште поалармантна е состојбата со помалите општини од западот и истокот на Северна Македонија, каде изминативе две децении „исчезнало“ повеќе од половина од оваа популација.

[Инфографик] Каде исчезнаа младите на пописот?

2. Просветните работници во понеделник на штрајк – СОНК предупреди дека во прекин ќе биде воспитно-образовниот процес 

Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) за понеделник (11 април) најави генерален штрајк на своето членство во градинките, основното и средното образование поради нивните барања за усогласување на платите во просветниот сектор со минималната плата.

Од Синдикатот велат дека станува збор за класичен штрајк, односно дека вработените нема да вршат прием на деца во градинките, нема да изведуваат настава и други активности што се поврзани со наставата, што би значело прекин на воспитно-образовниот процес.

Просветните работници во понеделник на штрајк – СОНК предупреди дека во прекин ќе биде воспитно-образовниот процес

3. [Видео] „Болни луѓе = болна држава“ – протест против кратењето на буџетот за заштита од ХИВ

„Болни луѓе = болна држава“, „Само 200.000 евра не делат од ХИВ епидемија“, „Сакате уште една пандемија?“, „Наместо да превенираме, одлучивте да лечиме?“. Ова беа само дел од транспарентите на денешниот протест против одлуката на Министерството за здравство за кратење на буџетот за системот на заштита од ХИВ за дури 40 отсто, во организација на „Платформа за ХИВ“.

Пред Владата претставници на граѓански организации побараа зголемено инвестирање во здравствената заштита и во јавното здравје, како и сериозни фискални политики за надминување на актуелните кризи, а не кратење на средствата. Тие побараа и компетентни здравствени политики, врз основи на докази и експертиза.

[Видео] „Болни луѓе = болна држава“ – протест против кратењето на буџетот за заштита од ХИВ

4. Рускиот пар кој спасот од „специјалната воена операција“ го најде во Скопје

Александар и Паулина се руски пар во своите рани триесетти. Живееле во Москва, а работат во ИТ секторот. На 24 февруари, со почетокот на војната во Украина, почнуваат да размислуваат за напуштање на својата земја. Спасот го наоѓаат во лет за Скопје.

Ова не се вистински имиња на рускиот пар, но идентитетот, кој е познат на редакцијата, е скриен поради нивната безбедност.

Причините за напуштање на Русија биле многубројни – биле против она што во Русија се нарекува „специјална воена операција“ во Украина и секој ден сведочеле како се затвораат луѓе и независни медиуми поради критики кон власта. За Александар постоел ризик од можно мобилизирање во армијата, санкциите врз Русија се зголемувале, вредноста на рубљата паѓала, цените на авиобилетите растела, летовите надвор од Русија биле сè поретки, а „Виза“ и „Мастеркард“ ја повлекле поддршката на руските платежни картички.

Рускиот пар кој спасот од „специјалната воена операција“ го најде во Скопје

5. Сојузот на средошколци преку закон бара бесплатен јавен превоз за сите средношколци

Сојузот на средношколци на РСМ (ССРСМ) подготви две предлог-законски решенија кои се однесуваат на бесплатен превоз за сите средношколци и гарантирање на ученички совети во секое училиште, информираше денеска претседателот на Сојузот, Лука Павиќевиќ.

Во однос на бесплатниот превоз, тој вели дека моменталната состојба е поразителна, посочувајќи на случајот во Радовиш каде 66 средношколци две недели немаа превоз до училиште. Според Павиќевиќ, самиот систем е дискриминирачки, додавајќи дека средношколците кои живеат на растојание помало од 2.5 километри од нивното училиште и учениците во приватните училишта немаат право на бесплатен превоз.

Сојузот на средошколци преку закон бара бесплатен јавен превоз за сите средношколци

Бонус 1: [Видео] #Инста(нт) вести на Радио МОФ 2.3

Имаме нова епизода #Инста(нт) вести со Михаела!

Попис, протести, олабавување на ковид мерки, но и бејби бум во скопската зоолошка градина. Периодов баш имаше за што да се пишува.

Во десетина минути се обидовме да ви ги прикажеме најважните и најинтересните настани што го одбележаа периодов, а имаме и дописник од Штип, Дарко Тошиќ, кој ќе ни каже нешто повеќе за атмосферата во градот.

[Видео] #Инста(нт) вести на Радио МОФ 2.3

Бонус 2: Македонскиот отпечаток во онлајн, глобалното уметничко дело „r/place“

Без никаква најава на 1 април беше отворено ново „r/place“ на „Реддит“. Радио МОФ поразговара со модераторот @CaptainMoso за тоа како се организираше македонскиот „Реддит“ тим, имајќи на ум на глобалното онлајн платно да исцртаат нешто препознатливо за ова поднебје, но и со Твитер корисникот @astrogrev кој учествувал во цртањето.

Македонскиот отпечаток во онлајн, глобалното уметничко дело „r/place“