Што пропушти на Радио МОФ?

На крајот на оваа седмица, Радио МОФ ви го претставува нашиот избор на ТОП 5 вестите за изминатата недела, од областа на образованието, културата, граѓанското општество, политиката, животната средина…

Што ги одбележа изминатите седум дена, прочитајте во продолжение:

1. Секое чудо за три дена – Како власта ја заборави Европската младинска картичка

Пред точно три години беше најавена како нешто што ќе им го промени животот на младите од С. Македонија. Европската младинска картичка беше замислена како легитимација која ќе овозможи разни попусти, привилегии и поголема мобилност. Но, денеска за оваа картичка веќе никој не зборува. Мал дел од младите знаат дека воопшто постои ваква картичка, a власта речиси воопшто не работи на нејзина промоција и атрактивност.

Секое чудо за три дена – Како власта ја заборави Европската младинска картичка

2. „Одиме во Њујорк за да дадеме придонес за справувањето со климатските промени“, велат „Green Hot Chili Peppers“

ТеодораЉубицаКристинаЈован и Никола се петтемина студенти од тимот „Green Hot Chili Peppers“ кои работат на создавање специјална корпа, која со сензори ќе го селектира отпадот во неколку категории, како пластика, стакло, хартија и други.

Нивниот тим е еден од двата што по победата на националниот младински предизвик „Генерација без граници – Технологија за планетата“ ќе ја претставуваат земјава на глобалниот истоимен предизвик, „Generation Unlimited“ во Њујорк, САД.

„Одиме во Њујорк за да дадеме придонес за справувањето со климатските промени“, велат „Green Hot Chili Peppers“

3. „Не секоја патека треба да се асфалтира“ – реакции за асфалтирањето во Градскиот парк

Од платформата за македонска архитектура „МАРХ“, упатија реакција по повод асфалтирањето на пешачките патеки околу  малиот лавиринт во првиот дел од паркот, за кое од Град Скопје велат дека е дел од тековна реконструкција на Градскиот парк.

Од МАРХ посочуваат дека зачудува неразбирањето на дизајнот на овој простор од надлежните.

„Не секоја патека треба да се асфалтира“ – реакции за асфалтирањето во Градскиот парк

4. „Фондот 580 Браќа Манаки“ прво ќе се дигитализира, а потоа се очекува да стане заштитено културно наследство

Архивското одделение Битола годинава добива шанса да го отпочне процесот на дигитализација на „Фондот 580 Браќа Манаки“ кој претставува збирка од големиот творечки опус на браќата Милтон и Јанаки, односно на 20.000 фајлови од целокупниот материјал, со помош на грантови и долги преговарачки процеси.

Раководителот на одделението во Битола од Државниот архив Гоце Стојановски вели дека фондот е откупен во 1965 година од тогашниот Околиски архив и повеќе од пет децении е најистражуваниот и најексплоатираниот фонд во нивото одделение.

„Фондот 580 Браќа Манаки“ прво ќе се дигитализира, а потоа се очекува да стане заштитено културно наследство

5. Blade и цунамито на суперхеројските филмови

Пишува: Марјан Болтевски

Овие денови традиционално се одржува Comic Con во Сан Диего, најголемата „гик“ конвенција во светот. За понеупатените, San Diego Comic Con е конвенција во траење од четири до пет дена каде се организираат панели на многу познати американски и странски стрип автори, промоции на најнови филмски стрип адаптации и средба на актуелните актерски тимови на најновите филмови со многубројните фанови. Иако првенствено Comic Con бил наменет за поголема интеракција на стрип автори и илустратори со своите обожаватели, последните 20 години неминовно ја зголемија нејзината популарност благодарение на зголемената продукција на играни филмови и серии на DC и Marvel, најголемите џинови на американската стрип сцена. Сепак приказната пред стрип адаптациите да станат дел од кинематографското секојдневие била нешто поинаква.

Blade и цунамито на суперхеројските филмови