„10 лопати за 9 години“ – активистичка акција во Штип

„3 март 2016 Лопати за старт на новата Клиничка болница-Штип“, „6 декември 2018 година пролонгирана изградбата на болницата за две години“, „До кога ќе редиме лопати и ќе чекаме останува да видиме“, гласеа дел од пораките кои денес осамнаа пред клиничкиот центар во Штип.

Штипските активисти ги поставија десетте лопати пред клиничкиот центар во Штип, во рамки на активистичка акција насловена „10 лопати за 9 години“, а велат дека акцијата е посветена на „веќе вечната“ изградба на новиот клинички центар во градот.

Според активистите, акцијата цели да ги потсети надлежните за отворениот проблем кој на над 5000 граѓани од источниот и југоисточниот регион им го ускратува правото на квалитетна здравствена заштита.