Дрег шоу во сабота во Скопје

Четири изведувачи од Србија и седум од Македонија ќе настапат на дрег шоуто што ќе се одржи на 13 април (сабота) во Studio Social Club (поранешен Клуб на новинари) од 21 часот.

Водител на настанот ќе биде диџеј Стефан Стрејнџ, а музика ќе пушта диџеј Дејан Сламков.

Влезот за настанот е 200 денари и билетите се купуваат на денот на настанот. Организатор е Дариа Бафи од „High Heels Skopje“.