Кантри музика од светски изведувачи во среда во Јавна соба

Проектот наречен „Здраво пријателе“ на Сара Харалсон и Барни Есвил има за цел да ја претстави кантри музиката во сите нејзини аспекти и варијации – класична и современа, во нејзината американска и европска верзија. Концертната програма ќе биде изведена само еднаш во еден град од секоја од земјите од источен Балкан. Во Скопје ќе се одвива на 30 август во Јавна соба, со почеток од 21 часот, а влезот е слободен.

„Заедничкиот проект на Сара и Барни содржи интересна мешавина од кантри хитови, песни од новообјавениот албум на Сара Харалсон и оригинални песни од Барни Есвил. Ќе го слушнете и дуото како ги изведува песните кои ги прославија низ светот. На концертите ќе има и друг музичар од исклучителна класа, Ендрју Куглер од Нешвил, тапанар во бендот US Navy“, стои во најавата за настапот.

Повеќе информации може да најдете на следниов ЛИНК.