Концерт на Андреј Татарчевски и Кристијан Новковски вечерва во „Ла Кања“

Вечерва Андреј Татарчевски (Татар) и Кристијан Новковски (The local blue, Светлост, Строг пост) ќе одржат концерт во „Ла Кања“. Настапот е дел од новиот бран настани што „Ла Кања“ ги организира во соработка со „Млади за Скопје“.

„Проектот на Андреј Татарчевски и Кристијан Новковски претставува ново одлично освежување на македонската музичка сцена. Татарчевски заедно со Новковски, се подготвени да го отсвират нивното творештво пред скопската публика“, се вели во најaвата за настапот.

Настапот ќе започне во 21 часот, а влезот е донации.