Eлектро акустичен концерт „SK-963 AA“ во КСП Центар Јадро

Проектот „Електро акустичен концерт SK-963 AA“, претставува музичка соработка помеѓу Андреј Блажевски и Александар Ордев.

Во сабота, на 20 ноември, со почеток во 20 часот во КСП Центар Јадро, ќе се одржи настапот на дуото, кое е поддржано од страна на Град Скопје.

Влезот ќе биде дозволен само со потврда за извршена вакцинација против КОВИД-19 или потврда за прележан КОВИД-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето.

Задолжително е носење на заштитна маска.