Утре автобусите на ЈСП ќе сообраќаат по неделен возен ред – жичницата нема да работи

Утре (среда) јавниот превоз во Скопје ќе функционира по неделен возен ред.

Дежурни ќе бидат билетарниците на Транспортниот центар и во Ѓорче Петров од 7 до 14 часот.

Жичницата на Водно нема да работи.