Ибица ја забрани продажбата на алкохол по 21:30 часот, законот предвидува и глоби во новата туристичка сезона

На Балеарските острови е донесен повторениот декрет за ограничување на навиките за пиење алкохол на туристите.

Заострениот закон со кој се забранува продажба на алкохол по 21:30 часот стапи на сила на 11 мај како обид да се спречи „прекумерниот туризам“ на Ибица и Мајорка.

Целосната забрана за продажба на алкохол меѓу 21:30 и 8 часот наутро ќе се применува во областите за забава и на двата острови вклучувајќи ги Палма и Магалуф во Мајорка и Сан Антонио на Ибица. Забраната не се однесува на барови, ресторани и клубови.

Декретот се чини дека ќе се спротистави на неуредноста и прекумерната консумација алкохол на туристичките локации. Оние кои ќе бидат фатени како дофрлаат навреди или пијат надвор од дозволените места ќе добијат казни од 1.500 евра, јавува „Би-Би-Си“.

Бројот на преземени санкции против туристите ќе биде пријавуван во соодветните амбасади. Областите во кои е дозволено пиење алкохол се исто така модифицирани на барање на локалните власти.

Законот исто така им забранува на бродовите да влезат една наутичка милја (околу 2 километри) во било која област, и да земаат или да остават некого на тие локации.

Новите рестрикции го заоструваат декретот што првично беше донесен во 2020 година во обид да се спречи „анти-социјалното однесување“ . Службеникот за односи со јавност на Канцеларијата за туризам на Балеарските острови изјави дека пред 4 години тој се надевал дека законот нема да биде потребен до 2024 година.

Ограничувањата ќе останат на сила барем до декември 2027 година. Законот беше критикуван уште во 2020 година кога некои од локалните бизниси кажаа дека со вакви мерки туристите ќе пијат алкохол во соседните области, пишува „Скај Њуз“.

Владата на Балеарите во 2020 изјави дека воведувањето на ваков декрет ќе биде првпат да се ограничи продажба на алкохол на некое туристичко место во Европа.