„Синедејс“ распиша конкурс за пријавување кратки филмови

Фестивалот на Европски филм „Синедејс“ распишува конкурс за пријавување на кратки филмови кои ќе бидат прикажани во рамки на „MK Shorts“ програмата на 23. издание што ќе се одржи од 11 до 17 јули.

Пријавените филмови треба да ги исполнуваат следните услови:

  • Да се со времетраење до 20 минути
  • Година на продукција: 2023/24
  • Да се во формат анимиран или игран филм

Конкурсот трае до 10 јуни, по што велат од „Синедејс“, учесниците ќе бидат објавени во најбрз можен рок.

За учество на конкурсот треба да се испрати мејл со основни податоци за филмот како и скринер на е-адресата info@mkc.mk.