Премиерен концерт „Македонска-турска рапсодија“ на Центарот за култура на турската заедница

Новоформираната Национална установа Центар за култура на турската заедница во Република Северна Македонија – Скопје, вчеравечер во Даут-пашин амам го одржа прeмиерниот настан – концертот „Македонска-турска рапсодија“ со познатиот домашен музичар-канунист  Џенгиз Ибрахим.

Како што велат организаторите, публиката била воодушевена од репертоарот на концертот и музичките изведби кои беа еден вид синтеза на старо со ново, ритмички расплети и користење на разни маками.

„Пред почетокот на концертот в.д директорката Небахат Рушид истакна дека на 29 март 2023 година врз основа на одлуката на Владата на Република Северна Македонија беше основана НУ Центар за култура на турската заедница, која во процесот на регистрација се соочи до доста предизвици, но не се откажа и на 21.12.2023 година официјално установата беше регистрирана во Централниот регистар на Република Северна Македонија“, велат од НУ Центар за култура на турската заедница.

Настанот е дел од годишната програма на Центарот и е финансиран од Министерството за култура.