Поранешниот Твитер целосно префрлен на X.com

Американскиот милијардер Илон Маск вчера на социјалната мрежа Х (претходно Твитер) објави дека социјалната мрежа целосно мигрирала на X.com, јавува Франс 24.

Маск го купи Твитер за 44 милијарди американски долари кон крајот на 2022 година и го најави ребрендирањето на X. Но, иако логото и брендирањето беа сменети во X, името на доменот сè уште беше Twitter.com

„Сите главни системи сега се на x.com“, напиша Маск, објавувајќи слика од лого на кое се гледа X во бело со позадина на син круг.

Маск постојано ја користи буквата X во брендирањето на неговите компании, почнувајќи од 1999 година.