[Фото] Изработен мурал на Клиничката болница во Тетово

На Клиничката болница во Тетово беше изработен мурал кој го симболизира почетокот на нов живот, односно каде што се раѓаат новите генерации.

Муралот го промовираше министерот за здравство Илир Демири кој потенцираше дека е направен во соработка со невладината организација Лоја и упати благодарност до уметникот Ариан Џафери.

„Секоја една индивидуа, независно од кој сталеж и од која структура ако сака да направи добро дело може да се снајде во општеството, може да направиме уметнички дела, па и во болница“, рече Демири.