Посебен сообраќаен режим во дел од Скопје поради одбележување на Денот на полицијата

Од 8 часот утрово во дел од Скопје започна посебен сообраќаен режим кој ќе трае до 18 часот поради одбележување на Денот на полицијата, претходно соопшти Министерството за внатрешни работи.

Па така, за сообраќај ќе биде затворен бул. „АСНОМ“ на потегот од крстосница со бул. „Србија“ до крстосница со бул. „Февруарски поход“.

„Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за пренасочување на сообраќајот.
Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници“, апелираа од МВР.