МВР: Во недела посебен режим на сообраќај во Скопје

Утре (недела) со почеток во 8 часот поради одржување атлетска трка ќе биде спроведен посебен сообраќаен режим на подрачјето на Град Скопје, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).

„Трката ќе се одвива со следната траса на движење: стартно/целна позиција на ул. ‘Беласица’ пред трговскиот центар ‘Ист гејт мол’, десно по бул. ‘Гоце Делчев’ (десна коловозна лента), потоа повторно по бул. ‘Илинден’ (десна коловозна лента) се до крстосница со ул. ‘МАНАПО’ и назад по истата коловозна лента“, велат од ресорното министерство.

Оттука, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по околните сообраќајници.

Од МВР апелираа до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.