[Обновено] Застрелан словачкиот премиер Роберт Фицо

Премиерот на Словачка Роберт Фицо, денеска бил застрелан во градот Хандлова, пред тамошниот Дом на културата, каде требало да се сретне со неговите симпатизери, по седницата на владата. Фицо бил застрелан во пределот на абдоменот, а осомничениот бил приведен, јавува Радио Слободна Европа.

Според словачкиот портал „Деник Н“, од владината канцеларија соопштиле дека неговиот живот е во опасност. Тие наведоа и дека премиерот се транспортира со хеликоптер во Банска Бистрица.

Полицијата го опколи местото на настанот.

Претседателката на Словачка Зузана Чапутова на социјалната мрежа X (Твитер) го осуди бруталниот напад врз Фицо и му посака брзо закрепнување. Таа најави и прес конференција за во 16:45 часот.

Фицо беше назначен за премиер на Словачка по четврти пат во октомври 2023 година.