Што пропушти на Радио МОФ?

На крајот на оваа седмица, прочитај го нашиот избор на топ вести од образование, култура, граѓанско општество, политика, животна средина…

1. Владата нема реализирано скоро ништо од ветените образовни реформи

Мандатот на Владата би требало да заврши следното лето, на нешто помалку од една година отсега. Радио МОФ направи анализа на тоа колку е исполнето од она што беше напишано на хартија. Од она што го утврдивме, од образовните реформи досега само многу мал дел е делумно реализиран.

Владата нема реализирано скоро ништо од ветените образовни реформи

2. Тетовската библиотека одбива да се пресели во полоши услови, а ако ги принудат најавуваат протест

Библиотеката „Кочо Рацин“ во Тетово минатата недела добила писмена одлука од Владата да ги напушти просториите кои ги користи последните децении. Согласно Одлуката библиотеката има рок од 15 дена од стапување на сила на одлуката да се префрли во просториите на Факултетот за музичка уметност во Тетово, а својот сегашен простор треба да го отстапи на Делегацијата на Европската Унија за организирање европска куќа.

Тетовската библиотека одбива да се пресели во полоши услови, а ако ги принудат најавуваат протест

3. Посебниот додаток ја разбуди јавноста и институциите за потребите на децата со Даунов синдром

Дел родители на деца со Даунов синдром деновиве реагираа откако не им е доделен посебен додаток, кој велат им значи многу да врзат крај со крај и му овозможат развој на детето. Потенцираа дека 6.000 денари се мал издаток од буџетот што го издвојува државата, а нив им прави голем разлика во секојдневниот живот. Реакциите се проширија по социјалните мрежи. Ја подразбудија јавноста што значи да се биде во кожата на родител со дете со Даунов синдром. Се подразбудија и институциите веднаш со свои објаснувања. Ресорното министерство негира дека правото на посебен додаток се одзема за Даунов синдром. МКФ-службите досега не доделиле на 8 вакви случаи, па тие што сметаат дека несоодветно се лишени од правото – може да поднесат жалба.

Посебниот додаток ја разбуди јавноста и институциите за потребите на децата со Даунов синдром

4. [Интервју] Филип Димевски: Нѐ радува што во „АртАреа/Артерија“ се вклучуваат и најмладите во културата

Фестивалот на културно и уметничко творење „АртАреа/Артерија“ во своето седмо издание ќе биде достапен за публиката од 15 до 17 септември на две локации – Младинскиот културен центар во Скопје и кафе-книжарницата „Буква“.

Во пресрет на бројните настани во програмата на фестивалот со организаторот на последните неколку изданија, Филип Димевски, од издавачката куќа „Бегемот“ разговаравме за почетоците, институционалната поддршка, годинешната програма посветена на Скопје, културата преку фестивалите во Македонија, а го спомнуваме и интересот за стрипот кај нас и (нај)младата книжевна сцена.

[Интерјву] Филип Димевски: Нѐ радува што во „АртАреа/Артерија“ се вклучуваат и најмладите во културата

5. Законот за социјални претпријатија ќе се донесе, но примената носи нови предизвици

Законот за социјални претпријатија е во финална фаза на подготовка, а со него се предвидува социјалните претпријатија да имаат полесен пристап на пазарот, да бидат поприфатени, повидливи и да бидат самоодржливи.

Ова го вели Сузана Трајковска Кочанковска од Центарот за социјални претпријатија кој го организираше третиот саем на социјални претпријатија каде своите изработки ги претставија над 50 учесници од земјава и регионот.

Законот за социјални претпријатија ќе се донесе, но примената носи нови предизвици

БОНУС:

Во рубриката #НизТвојотОбјектив имаме избор улични фотографии од Саше Јанакиев.

#НизТвојотОбјектив – Избор фотографии од Саше Јанакиев

Во рубриката #Поларис имаме нов текст на нашиот надворешен соработник Марјан Болтевски.

#Поларис: Блејм!