Универзитетот на Јужна Калифорнија ја откажа дипломската церемонија, продолжуваат студентските протести за војната во Газа

Водечкиот калифорниски универзитет ја откажа церемонијата на дипломирање додека протестите за војната во Газа продолжуваат да се шират низ кампусите на другите универзитети во САД. 

Универзитетот на Јужна Калифорнија во Лос Анџелес наведе „нови безбедносни мерки“ при откажувањето на настанот.

Стотици луѓе беа уапсени на десетина кампуси каде се појавија демонстранти и никнаа протестни кампови за поддршка на Палестинците во Газа.

Универзитетите повикаа полиција за да ги принудат студентите да се заминат.

Но, некои преговараат. На Универзитетот Колумбија во Њујорк, каде протестите започнаа миатата недела, беше отфрлен крајниот рок – четврток навечер за подигање на кампот.

Разговорите покажаа напредок и ќе продолжат, соопшти Универзитетот.

На Универзитетот Емори во Атланта вчера беа уапсени 28 демонстранти откако одбија да го напуштат кампусот.

Полициијата изјави дека демонстрантите ги турнале полицајците кои ја штителе областа во четвртокот наутро. Од таму признаа дека хемиските надразнувачи биле ослободени како дел од мерките за да се воспостави контрола на толпата иако тие кажаа и дека тоа било одговор на предметите што демонстрантите ги фрлале кон нив.

Полицијата во Атланта исто така потврди дека користела хемиски надразнувачи, но негираше дека биле испукани гумени куршуми кон демонстрантите.

Една од толпата која беше приведена, а тоа се гледа во видео се идентификуваше како Ноеле Мекафи, раководителка на одделот за филозофија на Емори.

Таа изјави дека го набљудувала протестот, која како што рече, бил мирен кога полицијата почнала да влегува во толпата и демонстрантите почнале да маршираат.

„Од мирен протест за една минута премина во хаос“, изјави Мекафи и додаде дека се смрзнала а потоа била приведена.

Последниот бран на протести на универзитетските кампуси започна откако надлежните во Универзитетот Колумбија ја повикаа полицијата да го прекине новиот протестен камп и кога беа уапсени повеќе од 100 луѓе.

Активистите ги повикуваат универзитетите да се „дистанцираат од геноцидот“ и да престанат да инвестираат големи училишни донации во компании вклучени во производство на оружје и други индустрии кои ја поддржуваат Израелската војна во Газа.

Универзитетот Колумбија ќе продолжи со онлајн настава поради тензичните протести за војната во Газа