Металците „Wolfheart“ на 10 мај ќе свират во МКЦ

Еден од водечките модерни фински дет-метал бендови „Wolfheart“, на 10 мај ќе засвири и на македонско тло.

Бендот ќе има концерт во МКЦ, а организаторите од „Terravoid“ велат дека се работи за состав кој со своите мистични приказни за кралствата од Северот ги замрзна срцата на металците ширум светот.

„Со гости на своите албуми како Jesse Leach од Killswitch Engage и Karl Sanders од Nile, Wolfheart се етаблираат на светската метал сцена како неоспорни водачи на melodic death култот. Колосални мелодии, ледени химни за херојства низ субполарните тундри, за кралот на северот со волчјо срце“, стои во најавата.

Вечерта во Скопје со нив ќе настапат и нивните мaкедонски соборци „Inner Hate“, но и незапирливата треш-метал машина „Conspiracy“.

„Добро познати бендови на македонската публика, кои последниве години неуморно газат со своите енергични и мрсни настапи.  На 10 мај во МКЦ, очекувајте ништо помалку од епско торнадо на метал емоции…и секако хаос“, се вели во најавата.

Карти се продаваат на билетарницата на МКЦ и на директниот ЛИНК.