Балканскиот дрег спектакл „Драгославија“на 18 мај во Лабораториум

Во сабота на 18 мај во Културниот центар Лабораториум, ќе се одржи најпознатиот балкански дрег спектакл „Драгославија“.

Како што информираат организаторите, на шоуто ќе настапат Драгословен(к)ите Ерик Дагер, Бодлиерка, Рубела Феминин, Кварцна Ружа, Менталика и Vesna MDMAzel, гостите од Ex-Yu, како и македонските артисти, Дарија Бафи, Тиа Дол, Лазарус, Естела Дарк, Иги Мона Асентра, Линда Социјалиста, Фенди Мама, Карли, Електра Блосом, и специјалната гостинка Divon Jane.

„Шеснаесет единствени, талентирани и харизматични кралеви и кралици од балканските земји ќе настапат на најпознатиот балкански дрег спектакл! Придружете ни се да ја празнуваме ‘Драгославија’“, додаваат од таму.

Карти може да се набават во Лабораториум, Макка Бар, Studio Social Club, Комитет и SCC ShortBus.

Повеќе детали за настанот може да најдете тука.