Што пропушти на Радио МОФ?

На крајот на оваа седмица, прочитај го нашиот избор на топ вести од образование, култура, граѓанско општество, политика, животна средина…

1. Новиот ГУП „заринка“ во Град Скопје, јавноста сѐ уште исклучена од процесот

Ако максимата „Колку повеќе јавни простори – толку повеќе демократија“ е некаква водилка на градовите што се стремат кон одржлив развој, тогаш Скопје сѐ потешко е претендент да влезе во таа група. Во Скопје изминатите неколку децении јавниот простор наместо ресурс стана роба за продавање, во маѓепсан круг меѓу локални моќници и слаби институции и корупција. Скопје сѐ повеќе е „начичкано“ со згради, без простор да дише, загушено во сообраќај, со паркови што стануваат паркинзи. Снемува дрвја, воздух и светлина. Градот расте неконтролирано, неквалитетно и нерамномерно. Ова е зборувано безброј пати, повторувано по конференции, ТВ дебати, Фејсбук-постови, апелирано од стручни лица или активисти, сѐ со надеж дека главниот град на Македонија ќе се насочува кон одржливо и хумано живеење. Нова шанса дава новиот Генералниот урбанистички план на Град Скопје (2022-2032), кој практично ќе го уредува крвотокот на градот, но тој сѐ уште доцни. Јавноста нема увид што се случува со него, партиципативното тело е закочено во Град Скопје, додека планирањето и деталните урбанистички планови што ги носат општините, се усогласуваат со стариот формално истечен ГУП (2012-2022), донесен уште во мандатот на градоначалникот Коце Трајановски.

Новиот ГУП „заринка“ во Град Скопје, јавноста сѐ уште исклучена од процесот

2. Младите работат на две, а понекогаш и на три работни места за да си дозволат квалитетно живеење

Во земјава, сиромаштијата расте. Бројот на граѓани кои живеат во екстремна сиромаштија, со под 60 денари на дневно ниво, годинава се очекува да порасне од 12.000 до 28.000 лица, односно помеѓу 20% и 50% отсто повеќе од преткризната состојба, кога во екстремна сиромаштија живееле 50.000 граѓани.

Дополнително, се очекува да порасне и бројката на лица кои живеат во умерена сиромаштија, односно со под 200 денари на дневно ниво. Пред кризата, во умерена сиромаштија живееле 360.000 македонски граѓани, а годинава таа бројка се очекува да стигне до 510.000 лица.

Младите работат на две, а понекогаш и на три работни места за да си дозволат квалитетно живеење

3. Студентите од приватните факултети и годинава без „слободна“, КСЗД нема финансии за тужба против Град Скопје

Студентите од приватните факултети во Скопје и оваа година ќе плаќаат за јавен превоз, откако градоначалничката Данела Арсовска одби да префрли средства на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје за овие студенти.

Ова за Радио МОФ го потврди Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) што во мај годинава утврди дека Град Скопје ги дискриминира сите студенти од приватните универзитети во главниот град со тоа што не им обезбедува бесплатен јавен превоз.

Студентите од приватните факултети и годинава без „слободна“, КСЗД нема финансии за тужба против Град Скопје

4. Доставен Предлог-закон за комунална полиција до Собрание и Влада, Арсовска очекува ваква служба да придонесе за комунален ред во Скопје

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, информира дека до Собранието и Владата доставиле Предлог-закон за комунална полиција на Градот Скопје. Во пресрет на месеците кога континуирано се бележи зголемено загадување, вели таа, комуналната полиција ќе претставува системски механизам во борбата против загадувањето, но и ќе придонесе за воведување комунален ред во градот.

Доставен Предлог-закон за комунална полиција до Собрание и Влада, Арсовска очекува ваква служба да придонесе за комунален ред во Скопје

5. Годинава 805 нови пријави за говор на омраза, делото сѐ уште не е прецизно регулирано

Говорот на омраза не е дефиниран во македонскиот правен систем. Нема засебна законска одредба преку која може тој да се регулира и не е именуван во Законот за спречување и заштита од дискриминација, се дел од главните поенти што беа истакнати на вчерашната конференција за говорот на омраза во Северна Македонија организирана од Хелсиншкиот комитет за човекови права.

Согласно податоците кои ги претстави Хелсиншкиот комитет, од јануари до септември оваа година добиле 805 пријави на говор на омраза. Организацијата во овој период поднела пет кривични пријави, од кои за четири сѐ уште нема одговор од надлежните, а една е отфрлена.

Годинава 805 нови пријави за говор на омраза, делото сѐ уште не е прецизно регулирано

+Бонус

1. Здруженија бараат децентрализација и пристап до лекови за да се подобри животот на семејствата со ретки болести

Недостаток на регулатива за ран пристап до терапија. Недостаток на регулатива во социјални услуги за препознавање на лицата со ретки болести како посебна категорија. Административните процедури се долги, комплицирани и често изискуваат повеќе работни денови за да се заврши со некое барање за некоја социјална или здравствена услуга. Доцнење на лекови поради тендерски постапки и листи на чекање. Односно немање на посебна регулатива за тендерски постапки за лекови.

Здруженија бараат децентрализација и пристап до лекови за да се подобри животот на семејствата со ретки болести

2. Здравствените работници во четврток на предупредувачки протест, Министерството за здравство нема пари за повисоки плати

Откако Независниот синдикат на здравствени работници во саботата информираше дека во четврток излегува на предупредувачки протест за повисоки плати, од Министерството за здравство денес со став дека можностите и буџетот не дозволуваат покачување.

Здравствените работници во четврток на предупредувачки протест, Министерството за здравство нема пари за повисоки плати

#Раскажи ми: „Жена-мачка“ од Деспина Василева

Овојпат во рубриката #РаскажиМи го читаме краткиот расказ „Жена-мачка“ од Деспина Василева.

Расказот беше напишан од учесничката на работилницата за креативно пишување за млади – „кЛИК, сЛИК – сподели кирилица“, инспириран од цртежот „Ренесансна слика од бесна жена -мачка“ на учесничките Лејла Дисдаревиќ и Сара Гическа. Цртежот на Лејла и Сара е генериран со помош на вештачка интелигенција, преку употреба на кирилски формули.

#РаскажиМи: „Жена-мачка“ од Деспина Василева

#НизТвојотОбјектив – Улична фотографија од Ива Јованова

Минатиот четврток во нашата фото-рубрика се дружевме со Ива Јованова. Таа за време на студиите по архитектура изградила „внатрешен објектив“ низ кој, како што вели, сега гледа и доживува еден град.

#НизТвојотОбјектив – Улична фотографија од Ива Јованова