Трето издание на „Клиници“ – младинско книжевно читање и изложба

На 10 мај со почеток од 20 часот ќе се одржи третото издание на „Клиници“ во организација на Europe House Skopje.

„Инспирирани, испровоцирани, поттикнати од таквите мудри изреки, почнуваме со еден нов концепт на книжевни читања наречен ‘Клинци’. Секое издание ве запознаваме со четворица автори и авторки кои се дел од младинската книжевна сцена, ве запознаваме со нивната поезија и проза, а секое издание ќе биде дополнето и со изложба“, велат организаторите.

На третото издание на „Клинци“ ќе читаат: Ивана Јовановска, Моника Стојановска, Саранда Мехмеди и Софија Добревска. 

Своја изложба ќе има фотографката Валентина Миладинова. 

Модератор на настанот ќе биде Андреј Медиќ Лазаревски.

Повеќе детали за настанот може да најдете тука.