„Глас на новата сцена“ – изложба на дизајнерите од „Скала“

Над 500 дела како фотографии, илустрации, филмови, графички дизајн- решенија, дизајн на мебел, проекти за ентериерно уредување, модни креации и модни илустрации, како и работни процеси, технички цртежи, скици, ќе бидат изложени под мотото „Сцената е твоја – дизајнирај ја“, во рамки на студентската изложба „Глас на новата сцена“, во организација на Школата за дизајн „Скала“.

Изложбата ќе биде отворена на 13 октомври во просториите на „Јавна Соба“ со почеток од 20:00 часот, а во
рамките на истата, ќе бидат прикажани делата на студентите од академиите за графички дизајн, моден дизајн, ентериер и продукт-дизајн, визуелни уметности (мултимедија) и UX/UI + дизајн.

„Шеста година по ред прославуваме заедно со нашите студенти. „Глас на новата сцена“ е изложба посветена на развојот на нашите студенти, претставување на нивните проекти, како и пречек на нивните идни колеги“, велат од „Скала“.