Трето издание на „Добро утро креативци 3.0“ во „Јавна соба“

Третото издание на „Добро утро креативци 3.0“ – Саем за размена на креативни искуства и размисли ќе се случи утре, на 26 мај, со почеток 18 и 30 часот во Центарот за иновации и дизајн „Јавна соба“.

Настанот организиран од „Скала Магазин“, дигиталната платформа за дизајн и современа уметност, ќе биде поделен во три дела – отворена јавна расправа, изложба за визуелни уметности и музичка програма.

„Добро утро креативци 3.0“ ќе се отвори со панел-дискусија на тема „Утрото по 2023 година – како AI технологиите влијаат на креативните индустрии“, а ќе говорат Небојша Гелевски – Бане, Владимир Јанчевски, Матеј Богдановски и Кристина Крагујевска.

Модератор на дискусијата ќе биде Дејан Џолев.

По панелот, организаторите најавуваат отворање на изложбата од преку 40 избрани дела од отворениот конкурс на „Скала магазин“.

Настанот ќе биде заокружен со музичкиот настап на Миа Перевска, која својата изведба ќе ја збогати со визуелизација направена од вештачка интелигенција.