Повик за млади за учество на „Skopje Creative Fest“

Платформата „Skopje Creative Fest“ овој август организира настан за уметничко и креативно претставување на млади од 12 до 30 години.

Претставувањето може да биде во танц, музика, глума, снимање филмови, визуелни уметности или која било друга уметничка дејност.

„Фестивалот го промовира слободното изразување, а може да се пријави секој уметник (пејач, бенд, танчер, поет, филмаџија и така натаму“, велат организаторите.

На настанот може да се учествува како уметник или како волонтер.

За учество треба да се пополни формуларот достапен на овој линк, каде може да се најдат повеќе информации околу пријавувањето, учеството и лица за контакт. Рокот за пријавување е најдоцна до 5 август 2023 година.