„Филозофија на јазикот“ – единаесетта студентска конференција во организација на Институтот за филозофија при УКИМ

Институтот за филозофија при УКИМ ја најави единаесеттата студентска конференција на тема „Филозофија на јазикот“ која ќе се одржи утре (9 мај).

Конференцијата ќе започне во 11 и ќе трае до 15 часот.

Најавени се повеќе презентации и дискусии на теми како „Средновековната формална логика за јазикот и универзалиите“, „Технологија на стандардниот јазик“, „Јазичната недофатливост на изменетата состојба на свеста“, „Ехо на стварноста“, „Јазик во движење“ и „Конфликтниот однос помеѓу музиката и јазикот“.

Како што соопштија од Институтот за филозофија, на конференцијата се пријавени рекорден број учесници.

Програма