УНХЦР: Каков е процентот на бегалци запишани во образование [Инфографик]

„Како и сите млади луѓе, младите бегалци имаат желба да работат на работното место од соништата. Пристапот до образование и обука може соништата да ги претвори во реалност“, објавија од УНХЦР на социјалните мрежи, постирајќи и инфографик.

Од инфографикот се гледа дека од учебната 2018/2019 до 2020/2021, значи за две години, во основното образование има 9% помалку запишани бегалци, додека пак во средното и високото процентот е нараснат за 6% и 3%.