Со проекција на филмот „Домаќинство за почетници“ во вторник ќе се одбележи Меѓународниот ден против хомофобија и трансфобија

Со проекција на филмот „Домаќинство за почетници“ на Горан Столевски, во вторник (14 мај) ќе се одбележи Меѓународниот ден против хомофобија и трансфобија.

Проекцијата на филмот ќе се одржи во Кино Фросина во Младинскиот културен центар (МКЦ) со почеток во 20 часот.

Влезот за проекцијата која е во организација на Коалиција Маргини, а во соработка со Лист Продукција и МКЦ е слободна.