Недела на бугарски документарни филмови од 21 до 27 јуни во Кинотека

Од 21 до 27 јуни во Кинотеката на Северна Македонија ќе се одржи Недела на бугарски документарни филмови.

Во седумте вечери, посветени на авторите од новиот документаристички бран на бугарската кинематографија, како и класичните автори, како што соопштија од Кинотеката, посетителите ќе можат да проследите 10 краткометражни и долгометражни наслови.

Автори на филмовите од оваа селекција се Станислав Дончев, Јордан Тодоров, Борислав Колев, Андреј Паунов, Светослав Стојанов , Коста Биков, Тонислав Христов, Елдора Трајкова, Панчо Цанков и Анри Кулев.

„Продуцентката Мартичка Божилова, сценаристката Петја Александрова и филмскиот критичар и историчар на филмот Росен Спасов ќе бидат гости на оваа кинотечна програма и публиката ќе има можност да разговара со нив по проекциите на филмовите“, посочија од Кинотеката.

Целосната програма е достапна на следниов ЛИНК.