Регистрирани 708 нови случаи на Ковид 19, починати се 33 лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје соопшто дека во последните 24 часа се направени 2.763 тестирања, а регистрирани се 708 нови случаи на КОВИД-19, како и 33 починати лица.

Од пријавените 33 лица, сите се починати во болнички услови. Се работи за 8 пациенти од Скопје (85г,82г,78г,76г,75г,74г,45г,39г), по 4 пациенти од Прилеп (71г,70г,70г,64г) и Куманово (81г,69г,62г,56г), 3 пациенти од Кавадарци (70г,67г,58г), по 2 пациенти од Гостивар (67г,64г), Битола (75г,67г), Велес (71г,51г) и Неготино (73г,71г) и по едно починато лице е пријавено од Тетово (59г), Охрид (70г), Кочани (74г), Кичево (74г), Гевгелија (66г) и Берово (69г).

Од новорегистрираните, од Скопје се 341 лице, Прилеп – 59, Куманово – 41, Велес – 37, Гостивар, Битола и Охрид – по 26, Кавадарци – 23, Тетово – 18, Штип – 17, Кочани – 16, Неготино и Дебар – по 11, Гевгелија – 10, Струмица – 9, Струга – 7, Свети Николе, Ресен и Виница – по 5, Македонска Каменица – 3, Кичево, Богданци, Демир Капија и Дојран – по 2, Радовиш, Делчево, Берово и Валандово – по 1.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 126.938, бројката на оздравени пациенти е 104.356, на починати е 3.675, а бројот на активни случаи изнесува 18.907. Притоа, најмногу активни случаи има во Скопје 9490, Прилеп 1085 и Куманово 817.