639 новозаразени и 6 починати од Ковид-19

Во последните 24 часа потврдени се 639 нови случаи на Ковид-19, информираше денеска Министерството за здравство (МЗ). Регистрирани се 218 случаи на Ковид-19 во Скопје, Тетово – 113, Гостивар – 99, Струмица – 37, Куманово – 34, Кичево – 32, Битола – 17, Струга – 16, Дебар – 9, Велес и Охрид – по 8, Прилеп, Кавадарци и Берово – по 6, Штип, Ресен и Македонски Брод – по 5, Валандово – 4, Кочани – 3, Радовиш и Делчево – по 2 и по 1 во Неготино,Крива Паланка, Виница и Демир Капија.

Во изминатото деноноќие од Ковид-19 починале 6 лица, односно, по 2 лица од Скопје на 75 и 76 години и од Тетово на 53 и 77 години, и по едно лице од Гостивар на 58 години и од Битола на 79 години. Регистрирани се и 22 оздравени пациенти.

„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 159.908 бројката на оздравени пациенти е 150.635, на починати е 5.527, а бројот на активни случаи изнесува 3.746“, стои во соопштението на МЗ.

Досега во земјава се направени вкупно 1.039.272 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 5.390 тестови.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови, заболени (вкупно), активни случаи (вкупно)
Скопје 70093, Активни 1257
Куманово 9148, Активни 222
Прилеп 8365, Активни 34
Тетово 8242, Активни 864
Битола 6412, Активни 90
Велес 5506, Активни 29
Гостивар 5683, Активни 467
Кавадарци 5195, Активни 37
Охрид 5096, Активни 75
Штип 4988, Активни 23
Струмица 4257, Активни 124
Струга 3066, Активни 83
Кочани 2826, Активни 29
Кичево 2803, Активни 193
Гевгелија 2199, Активни 2
Неготино 2185, Активни 1
Свети Николе 1536, Активни 9
Ресен 1247, Активни 13
Крива Паланка 1230, Активни 3
Радовиш 1185, Активни 21
Берово 1059, Активни 24
Делчево 979, Активни 5
Дебар 1035, Активни 81
Виница 899, Активни 13
Пробиштип 791, Активни 2
Валандово 685, Активни 15
Богданци 494, Активни 0
Крушево 490, Активни 0
Демир Хисар 400, Активни 0
Демир Капија 399, Активни 3
Кратово 377, Активни 0
Македонски Брод 377, Активни 18
Пехчево 279, Активни 8
Македонска Каменица 250, Активни 1
Дојран 132, Активни 0