18 починати и 432 новозаразени со Ковид-19

Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека во изминатото деноноќие од Ковид-19 починале 13 лица. Починале 4 лица од Скопје (45г, 78г, 88г и 90г), по 2 лица од Куманово (42г и 70г), Битола (51г и 68г) и Прилеп (66г и 70г), и по едно лице од Делчево (74г), Велес (79г) и Кочани (55г).

„Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, се пријавени пет починати лица со датум на смрт од 04.11.2021 до 09.11.2021. Регистрирани се починати лица од Крива Паланка (2), Скопје (1), Прилеп (1) и Виница(1), на возраст од 57-82г, од кои едно лице е починато во домашни услови, а 4 лица се починати во болнички услови“, стои во соопштението на МЗ.

Во последните 24 часа потврдени се 432 нови нови случаи на Ковид-19. Регистрирани се 142 случаи во Скопје, Битола – 47, Прилеп – 31, Куманово – 22, Кавадарци – 19, Тетово, Велес и Кочани – по 18, Штип и Радовиш – по 12, Демир Хисар – 9, Гевгелија, Ресен и Делчево – по 8 и 7 случаи во Виница.

Потоа, регистрирани се по 6 случаи на Ковид-19 во Гостивар, Неготино, Крива Паланка, Берово и Кратово, Охрид и Кичево – по 5, Струмица – 4, Крушево – 3, Македонска Каменица – 2 и по 1 случај во Богданци, Демир Капија, Пехчево и Дојран.

Регистрирани сe 448 оздравени пациенти, односно од Скопје – 186, Куманово – 42, Прилеп и Велес – по 26, Кавадараци – 21, Битола – 19, Кочани и Штип – по 16, Тетово и Крива Паланка – по 14, Кичево – 9, Пробиштип – 8, Неготино и Охрид – по 6, Гевгелија и Делчево – по 5, Демир Хисар и Струга – по 4, Кратово и Свети Николе – по 3, Радовиш, Гостивар, Берово, Струмица и Валандово – по 2 и по 1 од Ресен, Македонска Каменица, Богданци, Пехчево и Македонски Брод.

„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 207.998, бројот на оздравени пациенти е 192.370, на починати е 7.294, а бројот на активни случаи изнесува 8.334“, се додава во соопштението на МЗ.

Досега во земјава се направени вкупно 1.418.655 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 2.663 тестови.