14 починати и 326 новозаразени со Ковид-19

Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека во изминатото деноноќие од Ковид-19 починале 8 лица. Починале 3 лица од Скопје (77г, 83г и 100г), 2 лица од Прилеп (68г и 69г) и по едно лице од Велес (71г), Виница (57г) и Кратово (53г).

„Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително 6 лица, починати во период од 25.10-11.12.2021 година. Починатите лица се од Скопје (3), Тетово (2) и Струга (1). Починатите лица се на возраст од 50г до 80г. Од пријавените починати лица, 4 се починати во домашни, а две лица во болнички услови“, се вели во соопштението на МЗ.

Во последните 24 часа потврдени се 326 нови случаи на Ковид-19. Регистрирани се 145 случаи во Скопје, Прилеп – 22, Битола – 21, Кавадарци и Охрид – по 15, Струмица – 14, Штип – 12, Куманово – 11, Валандово – 9, Радовиш – 7 и по 6 во Велес, Кочани и Крива Паланка.

Потоа, регистрирани се по 5 случаи на Ковид-19 во Кичево, Гевгелија и Неготино, Тетово и Ресен – по 4, Свети Николе – 3, Берово, Пробиштип и Богданци – по 2 и по 1 во Струга, Делчево, Виница, Демир Хисар и Македонски Брод.

Регистрирани сe 242 оздравени пациенти, односно од Скопје – 146, Битола – 19, Охрид – 10, Прилеп, Кавадарци, Куманово и Велес – по 8, Штип – 6, Гевгелија – 5, Демир Хисар – 4, Струмица, Кочани и Делчево – по 3, Крива Паланка и Ресен – по 2 и по 1 од  Радовиш, Кичево, Неготино, Пробиштип, Виница, Крушево и Демир Капија.

„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 220.169, бројот на оздравени пациенти е 206.903, на починати е 7.768, а бројот на активни случаи изнесува 5.498“, стои во соопштението на МЗ.

Досега во земјава се направени вкупно 1.509.665 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 2.562 тестови.