Прва работа, прва плата, први финансиски одлуки – колку се младите подготвени за животот по факултет?
Првата плата, самостојното управување со месечниот буџет, штедењето или земањето кредит се само дел од финансиските одлуки со кои младите се соочуваат по завршувањето на факултетот. Но, колку навистина се студентите и младите подготвени за нив?

Иако финансиските теми често изгледаат комплицирано или како нешто за кое ќе размислуваме подоцна, финансиската писменост е вештина што ни е потребна уште пред да ја добиеме првата плата. Разбирањето на личните финансии не значи само да знаеме колку заработуваме и колку трошиме, туку и да умееме да ги планираме сопствените средства, да препознаваме финансиски ризици и можности и да носиме информирани одлуки за сопствената иднина.
Токму овие теми ќе бидат во фокусот на „Profs & Pints: Финансии за животот после факултет“, настан во организација на Zipp Club, наменет за млади кои сакаат да се подготват за финансиските предизвици што ги носи самостојниот живот.
На 23 ноември, во 13 часот, во Лабораториум, учесниците ќе разговараат и ќе учат за првата работа и првата плата, freelance работењето, штедењето, кредитите, финансиското планирање и примената на вештачката интелигенција во личните финансии.
Без разлика дали си студент, неодамна дипломиран/а или едноставно сакаш подобро да управуваш со своите пари, ова е можност да стекнеш практични знаења што ќе ти користат и надвор од факултетските клупи.
Доколку сакаш да учествуваш, нема потреба однапред да се пријавиш или најавиш дека ќе дојдеш. Те очекуваме на дружба и подготовка за следното поглавје!
*Оваа објава е подготвена во рамки на новата соработка помеѓу Младински образовен форум (МОФ) и Комерцијална банка за Zipp Club.
