11 починати и 2.071 новозаразен со Ковид-19

Министерството за здравство (МЗ) вечерва информираше дека во изминатото деноноќие од Ковид-19 починале 9 лица. Починале 4 лица од Скопје (66г, 70г, 85г и 91г), 2 лица од Велес (54г, и 89г) и по едно лице од Гевгелија (59г), Струга (86г) и Делчево (61г).

„Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се две починати лица од Скопје (84г и 88г). Едното починато лице е пријавено со дата на смрт на 5.01.2022г, додека второто лице е на 20.01.2022г. Пријавените лица се починати во домашни услови“, се вели во соопштението на МЗ.

Од вкупниот број починати лица – 11, четири лица се целосно вакцинирани.

Во последните 24 часа потврден е 2.071 нов случај на Ковид-19. Регистрирани се 1.047 случаи во Скопје, Битола – 178, Кавадарци – 89, Куманово – 73, Тетово – 66, Гевгелија – 63, Прилеп – 47, Кочани – 42, Велес – 41, Гостивар – 39, Неготино – 37, Струмица – 33, Кичево и Ресен – по 28 и по 25 случаи на Ковид-19 во Охрид, Берово и Валандово.

Потоа, регистрирани се 24 случаи во Делчево, Штип – 22, Струга и Радовиш – по 21, Свети Николе – 14, Крушево и Демир Хисар – по 11, Богданци – 10, Крива Паланка – 9, Македонска Каменица – 8, Дебар, Пробиштип, Кратово и Пехчево – по 6, Виница и Македонски Брод – по 3 и по 2 случаи на Ковид-19 во Демир Капија и Дојран.

Од вкупниот број позитивни – 2.071, регистрирани се 275 реинфекции.

Регистрирани сe 1.450 оздравени пациенти, односно од Скопје – 702, Битола- 158, Прилеп – 116, Куманово – 55, Кавадарци – 48, Охрид – 33, Штип – 30, Велес – 28, Струмица – 27, Радовиш – 26, Валандово – 24, Гевгелија – 23, Тетово – 21, Гостивар и Кичево – по 19, Ресен – 16, Кочани, Неготино и Крушево – по 14, Свети Николе – 12, Берово и Пробиштип – по 8, Струга и Крива Паланка – по 7, Богданци – 4, Пехчево и Демир Капија – по 3, Демир Хисар, Кратово, Виница и Македонски Брод – по 2 и по 1 од Делчево, Дебар и Дојран.

„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 252.947, бројот на оздравени пациенти е 225.056, на починати е 8.177, а бројот на активни случаи изнесува 19.714“, стои во соопштението на МЗ.

Досега во земјава се направени вкупно 1.733.866 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 6.010 тестови.